Арсенал не успеа да го совлада Вест Хем во лондонската пресметка, играјќи 2:2 во 31-то коло од Премиер лигата. Арсенал на втор меч по ред, пропушта предност од два гола, во претходното коло на „Енфилд“ водеше против Ливерпул, но на крајот, исто така како и денеска, освои само еден бод.
На овој резултат највеќе му се радуваат фудбалерите и навивачите на Манчестер сити кои можат да се најдат во пол-позиција во трката за титулата во Премиер лигата.
Арсенал останува лидер на табелата со 74 бода од 31 натпревар, додека Сити има четири бода помалку, но и натпревар помалку. Згора на тоа, во следниот меч Граѓаните во Премиер лигата, пред своите гледачи ќе го пречекаат токму Арсенал.
Дербито кое може да го одлучи шампионот, треба да се игра на 21. април на „Етихад“.
Топчиите фуриозно го започнаа натпреварот и по само десет минути игра, имаа водство од 2:0. Прво Габриел Жесус во седмата минута го отвори резултатот, а три минути подоцна Мартин Одегард зголеми на 0:2.
https://twitter.com/i/status/1647599778396528640
До крајот на првиот дел, Вест Хем преку Саид Бенрама кој беше прецизен од белата точка, успеа да намали на 1:2.
PENALTY MISSED Bukayo Saka sends his penalty high and wide of the West Ham goal. The penalty had been awarded for a handball by Michail Antonio Still West Ham 1-2 Arsenal (52 mins) pic.twitter.com/e2gaLt5IM0
— Premier League Matchday Goals (@PLMGoals) April 16, 2023
На стартот од вториот дел, во 55-та минута, Џарод Боувен го совлада Рамсдејд и го постави конечниот резултат.
GOAL! West Ham 2-2 Arsenal (Bowen) #WHUARS pic.twitter.com/DIiJWUIoSX
— The Premier League Club (@TPLCSports) April 16, 2023