5.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Трогателна исповест на таткото на Ендрик: „Немавме што да јадеме“

Бразилскиот фудбалер Ендрик со сигурност е една од најголемите млади ѕвезди во светот. Пристигна со големи очекувања во Реал Мадрид, но откако не ја доби посакуваната минутажа, беше испратен на позајмица во француски Лион, а таму блеска.

Неговиот татко, Даглас, имаше емотивна исповест поврзана со нивниот живот пред Ендрик да стане професионален фудбалер.

„Имаше денови кога немавме што да јадеме. Еднаш ме праша дали има храна, а јас немав што да му дадам.“ – рече Даглас.

Тогаш малиот Ендрик му ветил на татка си дека еден ден ќе ги стане професионален фудбалер и ќе ги извади од сиромаштијата во која живеат. Ендрик тоа и го исполни.

- Оглас -

Најнови вести