Четворка за Мајорка е подарокот од Барса за рестарт на сезоната (Видео)

Артуро Видал на одличен начин со гол по само 65 секунди го најави победничкиот кам-бек на Барселона по три пол месеци пауза, а печат на очекуваната победа против Мајорка со голови ставија и Мартин Брејтвајт, Жорди Алба и Лионел Меси.

Само што почна мечот Чилеанецот одлично се снајде и во втората минута погоди за 1:0 за лидерот во Ла Лига.

https://twitter.com/Naija_PR/status/1271898339471220743?s=20

Со деби гол за Барселона, Мартин Брејтвајт покажа дека е солидно засилување за Каталонците, а Данецот беше прецизен во 37. минута, како потврда за нова победа на фаворитот во дуелите со Мајорка. Барселона има 9 победи и реми на последните 10 меѓусебни дуели со тимот, чиј член е Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец беше резерва кај домаќините, но не доби шанса да игра.

https://twitter.com/EricAgbo8/status/1271913315745349633?s=20

Во финишот на мечот Жорди Алба постигна уште еден гол за гостите, а втора асистенција запиша Лионел Меси. Крајот беше резервиран за најдобриот фудбалер на Каталонците и токму Аргентинецот со погодок во судиското продолжение стави печат на нова победа на првопласираната екипа на табелата во Шпанија.

Барселона останува лидер, сега со 61 бод, пет повеќе од Реал Мадрид, кој има еден меч помалку и ќе игра со Еибар утре од 19.30 часот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести