Тројката на Пантер ја преполови квотата за Партизан дека ќе триумфира во Евролигата (Фото)

Кошаркарите на Партизан вчера остварија голема победа од 89:87 како гости во првиот меч од четвртфиналната серија со Реал Мадрид и ги натераа обложувалниците да ги намалат квотите за нивен триумф во Евролигата.

Пред стартот на плејофот, квотата за триумф на Партизан изнесуваше 15.00, а сега квотата во Sport Life е 8.00 дека Црно-белите по вторпат во клупската историја ќе станат европски шампиони.

Победата на Партизан му ја донесе Кевин Пантер со тројката која ја постигна на една секунда до крајот.

Поради поразот од Партизан, скокна квотата на Реал Мадрид. Квотата за триумф на Кралевите пред стартот на четвртфиналните пресметки изнесуваше 4.25, а денеска таа скокна на 6.00.

Најголем фаворит за триумф во Евролигата е Барселона, која вечерва ја започнува четвртфиналната пресметка против Жалгирис. Квотата за Барселона да стане европски шампион изнесува 3.25, додека нејзиниот противник во плејофот, Жалгирис, е аутсајдер со 27.00.

Вечерва битката за пласман на завршниот турнир ја започнува и вториот фаворит, Олимпијакос. Црвено-белите од Пиреја го пречекуваат Фенербахче, а 3.50 изнесува квотата дека ќе станат европски шампиони.

- Оглас -

Најнови вести