Тројца Аѕури се повредени и нема да играат со Македонија, едниот е капитенот на Милан

Во италијанската репрезентација на натпреварот со Македонија в петок во Рим, ќе ги нема Давиде Калабрија, Алекс Мерет и Рафаел Толои. Сите тројца се повредени, а селекторот Лучано Спалети нема дополнително да повикува нови играчи, туку ќе смета на оние преостанати 26-мина од списокот кој го даде пред некој ден.

Голманот на Наполи, Мерет, се повреди на загревањето пред мечот со Емполи, а и Толои од Аталанта викендов не играше, но поради суспензија. Калабрија кој е капитен на Милан и после пауза од една година требаше да заигра за Аѕурите, го одигра само првото полувреме против Лече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести