Квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 за Јужна Америка се завршени, па Аргентина во ноемврискиот прозорец ќе игра само контролни натпревари.
Актуелниот светски шампион во петок гостува во Луанда, Ангола, на пријателски меч со оваа селекција, но селекторот на Гаучосите, Лионел Скалони, се соочува со проблем. Тројца фудбалери немаат право да патуваат во Ангола бидејќи не се вакцинирани против жолта треска, што е задолжително за влез во оваа африканска земја.
Се работи за Хулијан Алварес, Џулијано Симеоне и Нахуел Молина. Тројцата ќе бидат дел од кампот во Елче, ќе тренираат со репрезентацијата, но нема да патуваат во Ангола.

