Славија Софија деновиве тестираше и донесе на проба тројца млади македонски фудбалери, но тренерот Златомир Загорчиќ одлучи дека не му се потребни. Македонското трио тренирале во понеделникот и вторникот, но според она што го покажале, нема да му завршат работа на Загорчиќ и тој не смета на нив.
Веројатно Македонците ќе тренираат и денеска, но потоа ќе бидат вратени дома. Не се објавени нивните имиња, но станува збор за еден дефанзивец, еден напаѓач и еден играч за врска. Сите се на возраст од 18 и 19 години.
Член на софиската Славија е ветеранот Дарко Тасевски, а младинците кои се на проба биле препорачани од моќна менаџерска агенција.