Тројца тренери се фаворити за најатрактивната селекторска фотелја која ќе се ослободи по Мундијалот во Катар

Претседателот на фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез изјави дека има тројца кандидати за нов селектор на „кариоките“ и тоа се Абел Фереира, Доривал Јуниор и Фернандо Диниз.

Актуелниот селектор на Бразил, Тите, одлучи да се повлече од функцијата по завршувањето на Светското првенство во Катар што ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.

Бразил на Мундијалот во Катар е во група заедно со Србија, Швајцарија и Камерун, а според експертите е главен фаворит за трофејот.

„Бразилскиот фудбал има неисцрпен извор на добри тренери. Можам да потврдам дека кандидати за нов селектор се Фереира, Јуниор и Диниз, но не е фер да се зборува само за нив, а да се изостават останатите бидејќи имаме уште најмалку 10 квалитетни кандидати. Моменто сме фокусирани на подготовките за Катар и одлуката за наследникот на Тите ќе ја донесеме по завршување на Светското првенство“, изјави Родригез.

Абел Фереира е Португалец кој моментно го предводи Палмеираш, а претходно ги има тренирано и екипите на ПАОК, Брага и Спортинг.

Фернандо Диниз е тренер на Флуминенсе, а има работино и во Васко да Гама, Сантос, Сао Пауло и Атлетико Параненсе.

Диривал Јуниор е тренер на Фламенго кој порано ги оредовдел и екипите на Сао Пауло, Палмеираш, Флуминенсе, Васко да Гама, Сантос и Крузеиро.

Тите седна на клупата на Бразил во 2016 година и на Мундијалот во Русија стигна до четвртфиналето, додека во 2019 година триумфира на Копа Америка.

- Оглас -

Најнови вести