Марјан Блажевски е добитникот на 100.000 денари од последната четврта етапа на популарната акциска игра на Sport Life, „50 шанси за 100.000 денари“. Марјан беше најдобар откако успеа да направи тикет на кој имаше 44 погодени натпревари и зад сеге ги остави сите останати.
Експертот од четвртата етапа вели дека уште од првиот ден бил дел од оваа интересна игра и дека никако не се откажал откако во првите три етапи не бил во Топ 3. Неговата тактика е интересна, речиси сите мечеви му се одиграни на комбинацијата 1-3 голови во второ полувреме.
„Во Sport Life секогаш има интересни дополнителни игри и затоа играм само во оваа обложувалница. Предизвик е да се види колку натпревари може да погодите на еден тикет, а оваа игра дава и одлична можност за заработка. Ги играв и првите три етапи, но максимум што успеав да погодам се 40 пара. Не се откажав и продолжив во четвртата етапа, тоа ми се исплатеше. Без разлика кои беа мечевите, тактиката ми беше да има меѓу еден и три гола во второ полувреме. Погодив 44 меча, еден беше одложен, а меѓу промашените беше ремито на Интер против Џенова (0:0) и еден меч од втора италијанска лига, на кој во 90-тата минута беше постигнат четврти гол во второто полувреме“, открива Блажевски.
КОРИСТЕЊЕТО НА СЛ КАРТИЧКАТА ИМА ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ
Победникот во четвртата етапа вели дека најчесто тикетите ги прави на својата СЛ картичка и потоа ги уплаќа со неа за да добие и бодови, кои подоцна ги користи за да си добие нешто од СЛ маркетот.
„Најлесно се прави тикет преку апликацијата, а потоа уплаќам со картичката. На тој начин заштедувам на време, а со секоја уплата со картичка добивам и поени за СЛ маркетот, кои редовно ги користам“, додава Блажевски.
ИГРАЊЕ НА ФИКСОВИ, ПОГОДУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА ГОЛОВИ Е КАКО ИГРАЊЕ ЛОТО
Победникот во оваа етапа вели дека овие 100.000 денари му се најголемата добивка, но и во минатото имал солидни добивки остварени со ситна уплата. Во трка е и за Типстер купот, но проблем му е тоа што има многу тикети кои му се недобитни, и тоа само за едно.
„Секој ден уплаќам по некое ливче, но тоа е за ситни пари. Најмногу сакам да играм на фиксови, да погодам кој ќе погоди. Играњето на голови ми е како да играм лото. Точно е дека може да е потешко да се погодува на фиксови, но тоа е мојата игра. Играм мечеви од сите лиги бидејќи го следам спортот и ги знам речиси сите екипи. Многу често ми се случува да промашам за едно. Знам дека тоа е реплика на многу обложувачи, но јас баш за еден меч многупати не успеав да добијам за да бидам блиску во трката за Типстер купот. Секако, нема разочарување и откажување бидејќи секогаш постои шанса, а тоа се покажа и со последната етапа на 50 шанси за 100.000 денари“, заврши Марјан Блажевски, човекот кој си заработи 100.000 денари од Sport Life.
Освен Марјан, подароци има и за вториот и за третиот во секоја етапа. Вториот Наум Ј., кој имаше тикет со 43 погодени меча, доби месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари секој ден, додека за третиот Бојан Т. (42 погодени меча) следува месечно обложување со вредносни ваучери од 50 денари.