Цагер за највозрасниот фудбалер на светот – Потпиша нов договор на 11 јануари во 11 часот и 11 минути

Казујоши Миура ја продолжува неверојатната фудбалска авантура и ќе игра активно во Јапонија и на 54-годишна возраст, како највозрасен играч на сите времиња што играл фудбал професионално.

Денеска со симболични бројки го прослави новиот договор потпишан со јапонскиот прволигаш Јокохама на 11 јануари во 11 часот и 11 минути.

Миура го носи и дресот со број 11, а е највозрасниот фудбалер што настапил во професионален клуб. Играше меч на 53 години, шест месеци и 28 дена.

Казујоши во февруари ќе наполни 54 години, па само ќе го обнови сопстевниот рекорд, што е речиси недостижен во светот на фудбалот, а ќе се натпреварува со Јокохама и во иднина во најсилната јапонска фудбалска лига.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести