Српскиот фудбалер Дејан Јовељиќ, освои 6 поени од 13 партии на Европското првенство во – брзопотезен шах!
Јовељиќ кој има 24 години, игра за Лос Анџелес галакси, и тој е повремен репрезентативец на Србија, има шест настапи за Орлите.
Тој веќе неколку дена се натпреварува на првенството во брзопотезен шах во Загреб, а со шах почнал да се занимава за време на коронавирусот кога беше играч на Андерлехт. Одел и на часови кај српскиот селектор Миодраг Пауновиќ.