Цел тим се бранеше од индиректен слободен, но Тадиќ го најде патот до мрежата (видео)

Ајакс има 2-1 на гостувањето кај Митјиланд за помалку од 20 минути игра, а вториот погодок на Копјаниците е несекојдневен.

Само на два метри од голот на домаќините, Ајакс доби индиректен слободен удар, па целиот тим на Митјиланд се нареди на гол-линијата да се брани. И покрај тоа, Тадиќ успеа да ја протне топката во мрежата за водство од 2-0, но Дрејер само пет минути подоцна намали на 2-1.

Погодокот на Тадиќ можете да го видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести