Цела сезона помина а навивачите во најсилните лиги не ни „помирисаа“ како е да се биде на трибина и да се навива за својот омилен тим. Тоа што цела година ги нема на трибините, не значи дека фановите не ги бодрат своите миленици, а тоа најдобро се гледа кога ќе се освои некој трофеј.
Дури 11 години навивачите на Интер чекаа да се израдуваат на шампионската титула во Италија, па ни пандемијата, но препорачаните мерки за социјална дистанца не можеа да ги спречат, лудо да го прослават големиот успех.
На четири кола до крајот, Нераѕурите имаат недостижни 13 бода пред најголемите ривали и од вчера се новите прваци во Серија А. По киксот на Аталанта, кога стана јасно дека Интер е првак, навивачите го преплавија центарот на Милано. Илјадници фанови со знамиња, шалови и други навивачки реквизити излегоа да се радуваат на успехот на Нераѕурите.
Inter fans celebrate the club winning its first Scudetto in 11 years 📸 pic.twitter.com/Tn8Ixn4O4n
— B/R Football (@brfootball) May 2, 2021
Слично беше и во Амстердам, каде Ајакс по една сезона пауза, повторно е првак на Холандија. Фановите на Ајакс се собраа пред стадионот и со песна и факели ги поздравија своите миленици.
И тука како и во Милано, социјалната дистанца воопшто не постоеше. Едноставно навивачите не можеа да се воздржат и да се придржуваат на препорачаните мерки, поради кои цела сезона не може да навиваат на трибините.