Цело семејство Симеоне се облече во боите на Реал Мадрид (Фото)

Аргентинскиот фудбалер Џовани Симеоне, денеска се ожени, а според желбата на младоженците, гостите беа облечени во бело, па фотографиите придонесоа за шеги на сметка на неговиот татко Диего кој е тренер на Атлетико Мадрид, и најлут ривал му е Реал кој игра во бели дресови. Популарниот Чоло првпат може да се види облечен во бело, но тоа го стори за својот син.

Џовани кој игра за Калјари, има 25 години се ожени со три години постарата италијанска манекенка и инфлуенсерка Џулија Копини.

Инаку, на фотографиите од свадбата ја нема Каролина Балдини која му е мајка на Џовани и поранешна жена на Диего Симеоне. Чоло на свадбата на син му дојде со втората сопруга Карла Переира.

- Оглас -

Најнови вести