Никола Вучевиќ е нов член на Чикаго булс, откако Биковите направија одлична работа во размената на кошаркари со Орландо меџик.
Го одбија црногорсскиот центар, кој игра одлично во континуитет и посебно квалитетно сезонава и Ал Фарук Амину, а во Орландо заминаа Вендел Картер и Ото Портер и правото на два пика од првата рунда на следните два драфта.
Вучевиќ играше на Ол-стар мечот во февруари во Атланта, а сезонава со просек од 24.5 поени и 11.8 скока е меѓу најдобрите центри во НБА лигата и 17-ти на листата со најдобри стрелци.
Орландо го испрати и Арон Гордон во Денвер нагетс, каде пристигна и Џавал Мекги од Кливленд кавалирс. Популарните Меџик беа најактивни и прават комплетна реконструкција на тимот, па се откажаа и од Еван Фурние, стартниот бек шутер кој замина во Бостон селтикс.