Македонската ракометна репрезентација како првопласирана во квалификациите го потврди пласманот на завршницата на Европското првенство 2020 година. Во последнот меч, Македонија во Струмица ја победи Грција со 27:23 и на крајот со девет бода е прва, пред Исланд со 8 бодови, Турција со 4 и Грција со 3 бодови.
Грција успеа во првите 25 минути да ѝ даде одличен отпор на Македонија. Гостите поведоа со 2:0, а имаа предност и од три разлика (7:4). Водството на противникот беше достигнато кога нашите ракометари израмнија на 10:10, а потоа на полувремето заминаа со предност од 13:11.
Во вториот дел, во ниту еден момент гостите не стигнаа ни до еден негатива, а најголемата предност на Македонија беше 23:17. Пред крајот на мечот гледачите во салата во Струмица видоа и една прекрасна акција која во комбинација на капитенот Лазаров и крилото Георгиевски, Кире ја заврши со гол постигнат со „цепелин“.