Циркуски потег на Хаверц, го утна голот на Америка и го погоди кошот под трибина (Видео)

Необичен момент се случи на пријателскиот натпревар меѓу Челзи и Клуб Америка, што го доби премиерлигашот со 2:1, во фокусот беше Каи Хаверц.

Напаѓачот на Челзи имаше голема утка кога беше во ситуација еден на еден со голманот на мексиканскиот тим, го префрли голот, но потоа погоди точно во корпата што беше потпрена на трибината зад голот.

Kai Havertz with a poor shot, but impressively hits the bucket from soccer

Челзи победи со головите на Тимо Вернер и прекрасниот погодок на Мејсон Маунт, а и сами си ја затресоа мрежата со автоголот на Ријс Џејмс.

 

- Оглас -

Најнови вести