Руне не се ни испоти и само по три гема ја запиша првата победа на завршниот мастерс.
Данскиот тенисер Холгер Руне го запиша првиот триумф во зелената група на завршниот АТП мастерс-турнир кој се игра во Торино, Италија.
При резултат 2:1 во гемови за Руне, неговиот противник Стефанос Циципас го предаде мечот.
https://twitter.com/i/status/1724427855029784735
Гркот во првиот гем имаше две брејк топки, кои не успеа да ги искористи, а немаше возбудувања ниту во следните два гема. На паузата, Циципас побара медицински тајмаут и помош од физиотерапевт. Пред крајот на третманот, Циципас имаше проблеми да стане, поради што одлучи да го предаде мечот.
Во последното трето коло од зелената група, Циципас треба да игра против Новак Ѓоковиќ, а доколку не биде во можност да настапи, неговото место ќе го заземе Хуберт Хуркач, кој е прва резерва на завршниот турнир.
Руне во првото коло загуби од Ѓоковиќ, а во последното трето ќе игра против Јаник Синер.