Новак Ѓоковиќ го освои турнирот Астана опен кој се играше во главниот град на Казахстан (град познат и како Астана и како Нур Султан), и тоа е негова 90-та титула во кариерата. Во финалето, Ѓоковиќ беше подобар од Стефанос Циципас со 6-3, 6-4.
За Србинот тоа е седма победа по ред против 11 години помладиот Грк, а за триумфот на овој турнир, Ѓоковиќ ќе освои 500 АТП поени. Ѓоковиќ го повтори успехот на Роџер Федерер од пред 12 години со освојување на турнири од четири различни категории.
Сега Новак има освоено турнири во 22 различни земји, а рекордер е Рафаел Надал со 23.