Црн викенд за фаворитите и обложувачите – Списокот на изненадувања нема крај

Црн викенд и за фаворитите, но и за обложувачите со многу изненадувачки резултати се уште трае, а долг е списокот на неочекувани киксови на екипите од кои се очекуваа сигурни победи.

Шалке 04 и Марсеј со победи од по 2:1 во петокот најавија мирна пловидба за обложувачите и сигурни добивки, но следните два дена беа катастрофални за тикетите и за фаворитите.

Почна со ремито меѓу Њукасл и шампионот Манчестер сити, а потоа продолжи со цел серијал големи изненадувања. Баерн со пораз од Баер Леверкузен ја прекина серијата од четири победи без примен гол и гол-разлика од 16:0, а потоа стасаа и поразите на Челзи од Вест Хем и на Фиорентина против Лече и двата со резултат 0:1.

За лош биланс во сабота се погрижи и Генк со пораз од Сент Трујден на домашен терен, а ниту денешниот ден не беше ништо подобар.

Јувентус киксна со Сасуоло и ремизираше 2:2 на свој терен, потоа стаса и поразот на Андерлехт од Остенде, па ремито на Салцбург кај Адмира, на Манчестер јунајтед дома со Астон Вила, за да го дочекаме и несупехот на Наполи против Болоња и пораз од 1:2 и пресвртот на Вердер против Волфсбург и победа на гостите од 3:2.

Во категоријата изненадувања може да се вклучи и ремито на Арсенал на „Кероу Роуд“ со Норич, дебаклот на ЛАСК против Рапид со 0:4 и поразот на Локомотив Москва во градското дерби во Русија со Динамо со 1:2.

Тежок викенд и за фаворитите, но и за обложувачите со дузина неочекувани резултати и сензационални исходи.

- Оглас -

Најнови вести