Црна Гора се намачи за да го победи жилавиот ривал Иран со 34:31 во меч од второто коло по групи на ракометниот Мундијал што се игра во Полска и Шведска.
Веселин Вујовиќ одлично ги предводи Иранците, кои дојдоа на Светското првенство како тотални аутсајдери, но веќе речиси сигурно имаат пласман во вториот круг, иако денеска загубија.
Во интересен меч Црна Гора славеше со три гола разлика, а ги имаше расположените Милош и Бранко Вујовиќ кои заедно постигнаа 19 гола.
Црна Гора ја забележа првата победа на шампионатот, а и Иран има ист биланс со една победа и пораз со што и двете селекции се на прагот на вториот круг.
Бразил лесно го доби јужномаериканското дерби против Уругвај со 35:24, Франција ја декласираше Саудиска Арабија со 41:23, а и Португалија беше убедлива со победа од 32:24 против Јужна Кореа.