Црна Гора со едноставна акција како на плејстејшн ја изработе бугарската одбрана (Видео)

Црна Гора со победа во балканскиот дуел против Бугарија од 1-0 и тоа на гости во Разград, успешно ја почна мисијата пласман на Европското првенство кое следната година се игра во Германија.

Стрелец на голот беше Никола Крстовиќ, а за него тоа беше прв погодок во дресот на сениорскиот национален тим. Нашите источни соседи имаа огромна шанса за изедначување во финишот, но искусниот Стефан Савиќ ја запре топката на самата гол-линија.

Ова е голема победа за Соколите, па како што стојат работите, изгледа Унгарија и Србија ќе бидат главните конкуренти на Црна Гора за првите две места во групата кои водат на ЕП 2024.

Голот на Крстовиќ може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести