Иако сезоната во Премиер лигата веќе започна, екипата на Челзи со мало задоцнување ги презентираше новите дресови, односна третата гарнитура. Инспирацијата за црно-сивата комбинација е панк-рок музиката од 70-тите години на минатиот век, а традиционалното лого е заменето со розов лав. Внимание привлече и нагоре свртеното лого на произведувачот на спортска опрема „Најки“, а објаснувањето е дека розовата боја и логото на „Најки“ се симбол за растот на женскиот фудбал.
Chelsea reveal their new punk-inspired third kit 🎸 pic.twitter.com/5dk3EzG22L
— B/R Football (@brfootball) August 26, 2024