10.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Црната серија на Јувентус никако да заврши, вакво нешто им се нема случено од 1991 година

На резултатската криза во Јувентус како да ѝ нема крај, па „старата дама“ е осум меча без победа, а последните три натпревари ги загуби. Ова е најлошата серија на клубот од 2009 година, но уште еден податок и тоа како ги загрижува во Јувентус.

Поразите од Лацио и Реал Мадрид со по 1-0, од Комо со 2-0, но и ремито без голови против Милан, значи дека Јувентус нема постигнато гол на последните четири средби, односно нема гол дури 397 минути.

Вакво нешто им се нема случено од 1991 година, па јасно е дека Игор Тудор е пред отказ, а само прашање на време е кога ќе се слуи тоа. Хрватот во Торино дојде како спасител, ја стабилизираше екипата и успеа да дојде до пласман во Лигата на шампионите, но се чини дека сега тешко ќе се спаси од отказ.

Јувентус во моментов е на осмата позиција во Серија А со заостанување од шест бода позади лидерскиот двоец Наполи и Рома.

- Оглас -

Најнови вести