„Црно“ му се пишува на овој Милан, кој се посрамоти како никогаш претходно во својата историја

Седумте титули кои што има го прават вториот најтрофеен клуб во Лигата на шампионите, но тоа е недоволно за да се извади од срамот во оваа сезона.

Миланскиот гигант за првпат во својата историја забележа три порази од исто толку одиграни средби во групната фаза од Лигата на шампионите.

Вечерва поуспешен од нив беше Порто, кој победи со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Луис Дијаз во 65-тата минута.

По три одиграни кола во групата „Б“, Ливерпул има максимален скор од девет, додека второто место го делат Порто и Атлетико Мадрид со по четири бода.

 

- Оглас -

Најнови вести