Црногорската легенда не верува во Зидан

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и клупски директор, Предраг Мијатовиќ, не верува во способностите на Зинедин Зидан дека може да најде решение за проблемите во кои се наоѓа Кралскиот клуб. Црногорската легенда се разочара по поразот од ПСЖ со 3-0 во првото коло од Лигата на шампионите, неговите очекувања беа дека Кралевите ќе одиграат на потребното ниво за да се дојде до позитивен резултат во Париз.

„Не очекував толку слаб настап на Реал. Бев полн со самодоверба дека ќе одговорат на предизвикот, но ПСЖ беше подобар во секој сегмент. Од првата минута се виде дека играчите не се доволно фокусирани на случувањата на теренот. Тоа е доволна причина за да се вклучи алармот во клубот бидејќи оваа сезона многу потсетува на ланската. Потребен е тренер кој може брзо да најде решение и да ги поправи работите, не сум сигурен дека Зидан е вистинскиот човек за тоа“, истакна Мијатовиќ.

Избраниците на францускиот стратег имаа катастрофално гостување во Париз, за првпат по 15 години не успеаја да запишат шут во рамките од голот.

 

- Оглас -

Најнови вести