На Реал Мадрид ваков срам му се нема случено 15 години

Реал Мадрид синоќа загуби убедливо со 3:0 на гостувањето кај Пари Сен Жермен, но и покрај поразот, има нешто што многу повеќе треба да ги загрижи Кралевите. Иако во офанзивниот дел имаа играчи од калибарот на Еден Азар, Герет Бејл, Карим Бензема, Родригез и Јовиќ, на крајот гостите мечот го завршија без да упатат ниту еден прецизен удар во рамките на голот на ПСЖ.

Статистиката покажува дека гостите вкупно шутирале осум пати кон голот на ПСЖ, но ниту еден не одел прецизно, па Кејлор Навас немаше потреба ни да реагира. Вакво нешто на Реал во меч од Лигата на шампионите му се нема случено уште од сезоната 2003/04.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести