Црногорците го изненадија европскиот првак Хрватска, и ќе играат четвртфинале на СП

Црна Гора ја совлада Хрватска со 13-12 во најинтересниот осминафинален натпревар на Светското првенство во ватерполо за мажи кое се одржува во Јапонија.

Црногорците клучната разлика ја направија во втората четвртина која ја добија со 3-0, но Хрватите кои се актуелни европски прваци, во финишот Хрватска имаше два напади за изедначување, напаѓаа и со човек плус, но не успеаја, рамката на голот беше пречката која спречи продолженија.

Во четвртфиналето, Црна Гора ќе игра против Грција. Сигурни четвртфинални парови се и Унгарија – САД и Шпанија – Франција, а Италијанците го чекаат подобриот од последното осминафинале Србија – Јапонија во кое Србите се огромни фаворити.

- Оглас -

Најнови вести