Перо Антиќ веќе нема да биде претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Најверојатно така ќе одлучи големото мнозинство членки на денешното Собрание на КФМ во Скопје.
Откако се „мереа силите“ при првото гласање за Верификациска комисија, се виде дека повеќето беа против предлогот на Антиќ и стана јасно во каков правец ќе се одвива седницата. Членките на Собранието бараат и смена на дневниот ред, да се додаде точка за гласање на доверба на првиот човек на КФМ и на управниот одбор.
Антиќ од мај 2019 е на чело на Федерацијата. Како негов наследник на кормилото на КФМ се спомнува некогашниот македонски кошаркарски репрезентативец Младен Ѓуроски.
Ако се изгласа недоверба, ново Собрание, изборно, ќе треба да има во рок од 15 дена.