Шпанија ја декласира Германија во дербито за првото место во четвртата група од Сегментот А во Лигата на нациите и води по 45 минути игра со 3:0.
Можеше да биде и поубедливо откако Алваро Мората постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд во сомнителна ситуација.
Шпанците одиграа брилијантно во првото полувреме и комплетно ја надиграа Германија, па 3:0 е и реален резултат во големото дерби.
Победата ја најави Мората со гол во 17-тата минута, што можете да го погледнете ОВДЕ.
Апсолутната доминација на домаќините беше крунисана со втор гол во 33-тата минута и го постигна Феран Торес. Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.
Претходно во 23-тата минута му беше поништен гол на Мората во сомнителна ситуација, а судијата Екберг немаше можност да ја провери ситуацијата со ВАР-системот, кој не функционира во мечевите од Лигата на нациите.
Сепак, Шпанците ја наградија одличната игра во Севилја со нов гол, последен во првото полувреме, дело на Родри во 38-мата минута.
Со победа Шпанија ќе го освои првото место во групата и ќе се пласира во завршницата во битката за трофејот во второто издание на Лигата на нациите, со останатите три победници во Сегментот А.