Црвена ѕвезда славеше со 2:1 против вечниот ривал Партизан и тоа на гостински терен. Ова беше меч од деветото коло во првенството на Србија, а Црвена ѕвезда останува перфектна со седум победи од исто толку средби што ги има одиграно. Партизан го претрпе првиот пораз по осум одиграни меча. Ова беше 177 вечно дерби.
Актуелниот српски првак стигна до водство со голот на Елшник во 28 минута, а Никола Радоњиќ зголеми на 2:0 во 60 минута. Интересно е дека Радоњиќ во игра влезе 40-тина секунди претходно и веднаш постигна гол.
Партизан намали на 1:2 во 74 минута кога Милошевиќ донесе радост за домашните навивачи. Сепак, Црно-белите не успеаа до крајот да постигнат втор погодок и да се спасат од пораз.