Црвена звезда го престави најскапото засилување во историјата на клубот

Црвена звезда го промовираше Фелисио Милсон како ново големо засилување. Потписот на репрезентативецот на Ангола има посебно значење затоа што тој е најскапиот фудбалер во историјата на некогашниот европски првак.

Српскиот првак успеа да го придобие потписот на Милсон, откако понуди шест милиони евра за реализација на трансферот, плус 15 отсто од следниот трансфер на фудбалерот, што значи дека доаѓањето на Анголецот ќе го надмине рекордот на Бома Хванг од минатото лето.

Според информациите од Русија, клубовите во тамошната Премиер лига се откажале од Милсон затоа што бил премногу скап, па Макаби ја прифати понудата на Црвена звезда. Договорот кој е потпишан е на четири години, а фудбалерот за овој период ќе заработи 4,5 милиони евра.

Тоа значи дека целосниот „пакет“ за доведување на Милсон ќе ја чини Црвена ѕвезда дури 10,5 милиони евра, што се најмногу пати што Црвено-белите ги вложуваат за еден играч.

- Оглас -

Најнови вести