21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Црвена ѕвезда го шутна тренерот Душко Ивановиќ

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда од Белград официјално се раздели со тренерот Душко Ивановиќ.

„Клубот сака уште еднаш да му се заблагодари на Душко Ивановиќ за сè што заедно направивме во претходниот период, огромната работа и труд што ги вложи, начинот на кој го претстави клубот како тренер на првиот тим, и му посакува многу здравје и успех во наредниот период и на новиот професионален предизвик“ – објавија Црвено-белите.

Овој отказ не е изненадување, се шпекулираше дека пораз од Виртус Болоња ќе значи крај на престојот на Црногорецот во Ѕвезда, бидејќи имал лоши односи со некои од ѕвездите во тимот како Милош Теодосиќ.

Фаворит за нов тренер е Гркот Јанис Сферопулос кој ги има водено Олимпијакос и Макаби.

- Оглас -

Најнови вести