Црвена ѕвезда го торпедираше Лион, а Новак Ѓоковиќ од трибини покажа кое е клучно оружје

Српскиот првак имаше фантастичен старт на новата сезона во кошаркарската Евролига откако убедливо со 94:73 го победи Асвел Лион во полната „Штарк арената“ во Белград.

Уште од самиот почеток Црвена ѕвезда стартуваше силовито и поведе со 17:7, а по првата четвртина имаше предност од 11 поени. Црвено-белите продолжија во ист ритам и во продолжение од дуелот, па на полувреме заминаа со убедливо водство од 52:31.

Шутот од далечина беше главно оружје за домашниот тим, а гостите од Франција едноставно беа немоќни да се спротистават. Во второто полувреме, Црвена ѕвезда константно имаше висока двоцифрена предност и на крајот ја задржа предноста од 21 разлика што ја имаше од полувремето.

https://twitter.com/i/status/1710006911305654745

Победничкиот тим постигна 17 тројки од 34 обиди, а најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, уживаше во изведбата на неговиот омилен тим.

- Оглас -

Најнови вести