Црвена Ѕвезда го згасна фенерот

Црвена Ѕвезда славеше убедливо против поранешниот европски првак Фенербахче со 68:56 и ги запиша првите бодови во Евролигата.

Тусркиот тим имаше предност по првата четвртина со едне поен разлика, 15:16, а се потоа беше во знакот на српскиот шампион.

Се разиграа Лоренцо Браун и Џејмс Гист, а контролата на мечот ја имаше домаќинот. До полувремето веќе направија пресврт и имаа предност од 35:30, а уште подобро одиграа во вториот дел.

Го добија и второто полувреме со 33:26 и во цврст меч го совладаа фаворитот. Лоренцо Браун беше најефикасен кај домаќините со 13 поени, а по 11 уфрлија Гист и Пепероглу.

Фенербахче го претрпе и вториот пораз во второто коло од Евролигата, а не помогна ниту најефикасниот кошаркар на мечот Нандо де Коло, кој постигна 19 поени.

Со овој дуел истовремено се играше и во Мосва каде ЦСКА го победи Баерн, убедливо со 79:68.

- Оглас -

Најнови вести