Црвена ѕвезда и Партизан добија 5 милиони евра финансиска помош од државата!

Двата најтрофејни клуба во Србија, Црвена ѕвезда и Партизан повторно добиваат државна помош. Според пишувањата на српските медиуми, Владата на Србија практично ги реши сите дилеми околу добивањето лиценца за натпреварувања под капата на УЕФА. Црвена ѕвезда и Партизан добиле вкупно 5 милиони евра помош за да може да бидат финансиски ликвидни и да добијат УЕФА лиценца за натпреварување.

Целата работа одела преку Фудбалската федерација на Србија, а најтрофејните клубови добиле по 2,5 милиони евра.

Постоеше можност Партизан да добие забрана за настап во Европа, но и да му бидат одземени бодови по налог на ФИФА затоа што Црно-белите не ги подмируваат своите долгови навремено. Сепак, со оваа „финансиска инјекција“, завршуваат главните проблеми за Црвена ѕвезда и Партизан.

 

- Оглас -

Најнови вести