Францускиот Лил победнички си заминува од гостувањето во Белград, откако успеа да ја елиминира Црвена ѕвезда во плејофот за пласман во осминафиналето на Лига на Европа. Лил славеше со 2:0 на стадионот „Рајко Митиќ“ и тоа во меч кој траеше 120 минути.
По регуларните 90 минути, гостите имаа предност од 1:0 благодарение на голот на искусниот Оливие Жиру постигнат уште во петата минута. Со тој гол Лил на анулира негативата од 0:1 што ја имаше од пред седум дена на свој терен.
Бидејќи немаше промена на резултатот до 90 минута, и вкупниот резултат по 180 минути игра беше 1:1, мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути повторно Лил се израдува на погодок. Нгој кој во игра влезе во 94 минута даде гол за 2:0 во 99 минута и на крајот тој погодок се покажа како клучен за конечен триумф на францускиот тим.
И италијанскиот калчолигаш Фиорентина мораше да игра 120 минути, а на крајот оди понатаму, но во Конференциската лига на УЕФА. Фиорентина со 3:0 победи на првиот меч против Јагиелонија на гости и нестварно делуваше дека Виолетовите може да испаднат.
Сепак, гостите во Фиренца одиграа одлично и по 90 минути имаа неверојатна предност од 3:0, што значеше вкупни 3:3 во двомечот, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути италијанскиот тим конечно заигра како што треба и преку Фањоли и Кин постигна два гола за 2:4. Да не заврши драмата до крајот се погрижи Имаз кој постигна и четврти гол за Јагиелонија, но гостите од Полска и покрај овој херојски меч, на крајот се елиминирани.
Најнеизвесно беше во Плзен каде домашниот тим и Панатинаикос одиграа 1:1 по 120 минути игра. По првиот меч резутатот беше 2:2, па по вкупните 3:3 мораа пеналите да го дадат патникот во следното коло од Лига на Европа.
Во пенал-рулетот, Панатинаикос беше подобар со 4:3.

