Легендата на Арсенал и актуелен ТВ-коментатор, Тjери Анри, изјави дека тимот на Комо игра најдобар фудбал во италијанското првенство. Овој италијански калчолигаш има одлични резултати во 2026 година.
Комо го победи Лацио на гости со 3:0, ремизира со Аталанта 0:0, потоа на „Сан Сиро“ одигра 1:1 против Милан, а го победи Јувентус во Торино со 2:0. Тука треба да се додадат и победите во Купот на Италија, и тоа на гости кај Фиорентина и елиминацијата на Наполи на „Диего Армандо Марадона“.
Токму затоа Анри смета дека Комо го игра најдобриот фудбал во моментов во Италија.
„Веќе подолго време го зборувам тоа. Тоа е екипата која го игра најдобриот фудбал во Италија во моментов. Можеме да разговараме за буџетите и квалитетот на тимот, но ова е моменталната ситуација. Минатата недела веќе ме прашавте каде се италијанските тимови и, за жал, ситуацијата е јасна“, рече Анри.
Комо ќе игра во полуфиналето на Купот на Италија, а во првенството моментално е на шестото место со 45 бода.

