Црвена ѕвезда не играше, но се јави со соопштение после мечот Будуќност – Партизан: Страшна кражба!

Партизан со драматична победа од 83-82 над Будуќност, го обезбеди првото место во АБА лигата, па Црвена ѕвезда ќе мора да се задоволи со второто, што значи дека во евентуалното финале, за освојување титула ќе мора да победи на гости кај градскиот ривал.

Од Ѕвезда се жалат дека Будуќност бил ограбен, со досудување на непостоечки фаул во полза на Партизан на две секунди до крајот, при 82-82. Судиската тројка на теренот беа Словенци.

„Црвена ѕвезда нема обичај да се огласува после мечеви на кои не сме директни учесници, но овој меч влијаеше врз распоредот на табелата, и после ваков грабеж во режија на оние кои треба само да се дел од мечот, а не протагонисти, нема да молчиме. Милионскиот аудиториум виде уште една епизода од она што беше видено на 13-ти март во белградската Арена, а тоа е креирање на крајниот исход од оние кои не играат. Ова е чекор кон рушење на регуларноста на лигата и тоа во режија на судиите, кои случајно или не, секогаш на спорните мечеви доаѓаат од една иста земја. Црвена ѕвезда бара овие судии да не ни судат до крајот на сезонава. Ако ни бидат делегирани вакви судии, нема да ги играме тие мечеви од плејофот“ – велат од Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести