23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Црвена ѕвезда не се ни испоти за убедлива абалигашка победа над Борац

Кошаркарите на Црвена ѕвезда не се ни испотија за да дојдат до убедлива победа над Борац од Чачак во јадранската АБА лига. „Црвено-белите“ од Белград славеа лесно и убедливо со 90-74 и само ја зацврстија лидерската позиција пред конкуренцијата.

Победата беше најавена уште во првата четвртина која ја добија домашните со убедливи 35-18, но следуваше опуштање во вториот период, па на паузата заминаа со предност од само седум поени разлика, односно 51-44.

Рутинската игра на Црвена ѕвезда продолжи и во второто полувреме, а домашните ги добија и последните два периоди за висока победа од 90-74. Бразилецот Матеус од победничката екипа беше најефикасен на паркетот со 24 поени.

Црвена ѕвезда со оваа победа дојде до ефект од 14 победи и само два порази во АБА лигата и е убедлив лидер.

- Оглас -

Најнови вести