Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја забележаа и третата победа на третиот натпревар во новата сезона на Евролигата. Белградските „црвено-бели“ вечерва буквално го растурија Фенербахче и дојдоа до убедлива победа од 57-76.
Црвена ѕвезда успеа да добие три од четирите четвртина, а на домашните им припадна само втората. Гостите убедливо отворија со 12-26 во првиот период, но Фенербахче успеа да се врати во втората четвртина и на паузата да замине со негатива од седум поени. Сепак, во второто полувреме следуваше доминација на Црвена ѕвезда, која посебно беше истакната во последната четвртина, која ја добија со 22-15.
Најџел Хајс од Фенербахче беше најефикасен на мечот со 20 поени, но и тоа не беше доволно да ја спаси својата екипа од пораз. Во победничкиот состав, најефикасен беше русинот Боломбој со 18 поени.