Најквалитетната европска кошарка продолжува со пет натпревари од четвртото коло на Евролигата. Најинтересно се очекува да биде во Белград, каде Црвена ѕвезда го пречекува лидерот на табелата, непоразениот Жалгирис.
И покрај тоа што имаат три победи на три натпревари, Литванците не се фаворити за победа, а квотите во Sport Life предност им даваат на „црвено-белите“. Квотата за победа на Црвена ѕвезда во понудата на Sport Life е 1.89, а за гостите 2.00, што во секој случај е најава за неизвесна и возбудлива кошарка.
На останатите натпревари фаворитската улога ја имаат Фенербахче, Олимпијакос и Баерн Минхен, додека гостинска победа се очекува само од Барселона во дуелот против Макаби.
Дел од богатата кошаркарска понуда во Sport Life се и играчите со најпопуларната игра за типувачите, „плус-минус“, која може да се одигра на поени, скокови и асистенции. Комплетната понуда може да ја најдете ТУКА.