Црвена ѕвезда покажа кој е „газда“ во Србија, победи на теренот на тимот кој имаше седум триумфи во низа

Црвена ѕвезда ги освои трите бода од тешкото гостување кај Нови Пазар, во меч на екипите кои се на првите две позиции на табелата во Супер лигата. Нови Пазар имаше седум победи во низа што беше доволно стигнат дури и до првото место на табелата, но таа серија денеска ја прекинаа по дуелот со актуелниот првак. Црвена ѕвезда победи со 2:1, па сега е нов лидер на табелата со 23 бодови, додека Нови Пазар остана на 21 бод и сега е второ место.

Дуелот во Нови Пазар одлично почна за домаќините и Лончар даде убав гол по само шест минути игра за 1:0. Црвена ѕвезда успеа да се врати резултатски во 34 минута кога Родиќ израмни со гол со глава.

Делуваше дека дуелот ќе заврши нерешено, но во 88 минута Пешиќ даде гол за гостите и Црвена ѕвезда на крајот славеше со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести