Црвена ѕвезда покажа зошто е неприкосновена во Србија и со пресврт за три минути го победи Партизан (Видео)

Црвена ѕвезда уште еднаш покажа зошто е неприкосновен шампион на Србија и со пресврт за само три минути го победи Партизан со 2-1 во 176-тото вечно дерби. За разлика од претходните натпревари на овие две екипи, овојпат стадионот „Рајко Митиќ“ остана полупразен, а како што пренесуваат српските медиуми, ова со сигурност е една од најслабите посети во историјата на меѓусебните дуели на вечните српски ривали.

Партизан поведе преку Калулу во 39-тата минута, откако најпрво домашниот голма погреши, а потоа фудбалерот од ДР Конго мајсторски погоди.

Следуваа два поништени гола на Црвена ѕвезда, најпрво во 45-тата минута на Катаи поради играње со рака, а потоа и на Ндијае во 65-тата минута поради фаул во напад. Но, „црвено-белите“ не се откажаа, па Андрија Максимовиќ со гол од пенал во 84-тата минута израмни на 1-1, а Бруно Дуарте во 87-мата минута погоди за 2-1.

Црвена ѕвезда уште од минатиот викенд е старо-нов шампион на Србија, а со оваа победа дојде на +26 бода од Партизан.

- Оглас -

Најнови вести