9.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Црвена ѕвезда продава фудбалер со македонски корени во Барселона за 20 милиони евра?!

Василије Костов важи за најголем талент на српскиот фудбал во моментов. Фудбалерот на Црвена ѕвезда има македонски корени, но неодамна дебитираше за сениорската репрезентација на Србија на мечот против Албанија во Лесковац и веќе нема право да настапува за Македонија.

Седумнаесетгодишниот фудбалер е на радарот на неколку големи европски екипи, а скаутите на Барселона веќе неколку пати доаѓаа во Белград да ја следат неговата игра. Црвена ѕвезда за неговите услуги бара 20 милиони евра, што ќе биде најскапиот трансфер во историјата на српскиот фудбал.

Освен од Барселона, интерес за Костов има и од Борусија Дортмунд и од Манчестер сити. Според „Трансфермаркет“, фудбалерот во моментов вреди 3,5 милиони евра, а освен српско, поседува и македонско државјанство.

- Оглас -

Најнови вести