6.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Црвена ѕвезда трет меч не може да победи во првенството, тренерот Милојевиќ знае што е проблемот

Црвена ѕвезда на свој терен изненадувачки одигра само 1:1 против Радник во меч од 14 коло на Суперлигата во Србија. За актуелниот првак ова е трет кикс во низа, односно да не победи, откако претходно одигра 0:0 на гости во Ниш против Раднички, а загуби од Војводина во Нови Сад со 2:3.

И покрај денешното реми против 12-то пласираниот Радник , Црвена ѕвезда останува лидер на табелата со 32 бодови, само еден повеќе од вечниот ривал Партизан. По ремито со Радник, тренерот на Црвена ѕвезда објасни каде е проблемот.

„Очигледно е дека западнавме во психолошки проблем. Едноставно сме непрепознатливи. Разговаравме, но повторно се повторуваат грешките. Мора да најдеме решение на проблемот. Ќе видиме кога ќе биде тоа. Мора да седнеме и да направиме анализа“, рече тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ.

- Оглас -

Најнови вести