12.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Црвена ѕвезда три и пол години чека да го победи Реал Мадрид, дали е дојден денот?

Петтото коло во кошаркарската Евролига треба да се комплетира денеска, со одигрување на шест натпревари. Еден од најатрактивните мечеви ќе се игра во Белград, каде што Црвена ѕвезда е домаќин на Реал Мадрид.

Сигурно ќе биде пеколна атмосферата во Арената во Белград, а Црвено-белите имаат една цел – да го победат најтрофејниот кошаркарски клуб во Европа. На последните шест меѓусебни дуели на овие два клуба, секогаш победувал Реал Мадрид. Последен пат Црвена ѕвезда се радувала на 8 март 2022 година, и тоа во драматичен дуел со 65:62.

И останатите пет меча кои се играат вечерва треба да бидат неизвесни, а интересно е дека кога се гледа хендикеп, очекувањата се сите средби да завршат со едноцифрена разлика.

Голем е бројот на кошаркарите во понудата „плус-минус“ поени. „Границата“ за Никола Калиниќ е 5,5 поени, а за Кампацо од Реал е на „граница“ од 8,5 поени.

- Оглас -

Најнови вести