Српскиот првак Црвена ѕвезда оствари нова победа во спектакуларен меч против Војводина на гости, кој заврши со резултат 5-3. Мечот се одигра на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад, а за гостите оваа победа значи продолжување на доминацијата на тимот.
Мечот започна одлично за Војводина, која поведе во 20-тата минута преку Његош Петровиќ. Кога Романиќ во 37-та минута ја зголеми предноста на домаќините на 2-0, се чинише дека Ѕвезда првпат ќе загуби во оваа сезона. Меѓутоа, славјето беше прекинато и Црвена ѕвезда брзо се врати.
Александар Катаи го намали резултатот на 2-1 во 40-та минута, а во продолжението, во 49-та минута, постигна втор гол за израмнување. Само две минути подоцна, Сеол го доведе тимот на Црвена ѕвезда во водство од 2-3.
Војводина остана со играч помалку, но домаќините успеаја да израмнат на 3-3 во 69-та минута преку Деле. Сепак, Црвена ѕвезда не дозволи да загуби бодови.
Во 77-та минута, Ендиај го постигна голот за 3-4, а во 81-та минута Катаи постигна хет-трик и стави точка на мечот, за 3-5.
Ова е втор меч во низа што Црвена ѕвезда го победи со 5-3, откако претходно со ист резултат славеше и во Купот против ОФК Београд.
Српскиот првак во средината на април ќе гостува во Скопје и ќе одигра хуманитарен меч со Вардар, а средствата во целост ќе бидат наменети за настраданите во трагедијата во Кочани.