35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Црвените ѓаволи мислат дека имало не еден, туку два фаули во акцијата пред да примат гол

Ренан Лоди од Атлетико Мадрид го даде својот прв гол во 25 настапи во Лигата на шампионите, а навивачите и играчите на Манчестер јунајтед сметаат дека погодокот не требало да важи.

Неколку секунди пред да падне голот, според Англичаните, имало фаули над Фред и Еланга. Судијата Славко Винчиќ го призна голот, а потврда дека немало фаул над Еланга дојде и од ВАР-собата.

- Оглас -

Најнови вести