Кошаркарите на Партизан третпат во низа го совладаа вечниот кошаркарски ривал, овојпат во јадранската АБА-лига, со 98-87.
„Црвено-белите“ одлично го отворија мечот и го добија првиот период со 25-17, но одличната втора четвртина ја донесе победата за Партизан на овој натпревар. „Црно-белите“ го добија периодот со неверојатни +19, односно со 30-11.
До крајот на мечот Црвена ѕвезда се обидуваше резултатски да се врати во игра, но не успеваше во тоа. На крајот сосема заслужена победа за Партизан, кој сега се израмни на табелата со вечниот ривал со ефект од по четири победи и еден пораз.
Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Црвена ѕвезда, Литванецот Гиедраитис со 13 поени.